ВМРО-НАРОДНА предлага 23 октомври да биде ден на кумановската битка кога почнала српската окупација на Македонија
ВМРО-Народна партија предлага 23 Октомври наместо Ден на македонската револуционерна организација да биде ден на „кумановската битка“ со која , како што велат, Србија ја започна дваесет и три годишната окупација на Македонија.
– Со оглед на фактот дека веќе одбележувањето на „Зебрњак“ стана традиција на прославување на општатата историја со српскиот народ и со оглед на фактот дека датумот 23 октомври се поклопува со „Денот на основањето на историското ВМРО“, ВМРО-Народна партија му предлага на македонското општество, денот на ВМРО да го замениме со ден на „кумановската битка“- велат од партијата.
Од ВМРО-Народна партија во соопштението додаваат дека е очигледно дека идеологијата на ВМРО веќе одамна е избришана во нашата Македонија и очигледно е дека Македонија веќе одамна припаѓа на српскиот свет.
– Па затоа отворено предлагаме, согласно со нашето денешно сфаќање на историјата, културата и секојдневната српска асимилација на македонскиот простор многу посоодветно би било овој ден да го прославуваме како ден на „кумановската битка“ отколку како „ден на ВМРО“ – велат од ВМРО-Народна партија.