ВМРО не се откажува од референдум, за СДСМ тоа е само фарса

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од идејата за францускиот предлог да се изјаснат граѓаните на референдум, но се уште нема ништо официјално како би гласело референдумското прашање и други детали.

-И денеска повторуваме, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи измени на Уставот, за Ковачевски да почне со асимилација во замена за лична власт! Тоа е уцена пред Македонија спротивна на европските вредности и принципи.

Овој процес е штетен и опасен за Македонија. И мора да биде ставен пред народот. Власта затворена во својата одлепеност, ако смета дека направила успех, нека не се плаши и бега од народот на референдум. Волјата на народот е суштината на демократијата и затоа треба да е конечна, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За СДСМ, барањето референдум е фарса на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа од гласање.

Барањето референдум е фарса на Мицкоски, отатко пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа од гласање

-Барањето на Христијан Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието, против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за внатрепартиски потреби. Откако потонаа сите лаги и се виде дека ниту има бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со чист македонски јазик во ЕУ Мицкоски сака со неговото пропаѓање да ги повлече и граѓаните. СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме, се вели во реакцијата на СДСМ.

Back to top button
Close