ВМРО-НП: Ќе нема здруженија со фашистички имиња, но ќе може да се изгради споменик?!


ВМРО-Народна партија на експремиерот Љубчо Георгиевски соопшти дека „со внимание ја следи дискусијата помеѓу власта и опозицијата во контекст на промената на Законот за здруженија и фондации со што ќе се забрани вметнување на имиња на докажани фашистички соработници во називите на здруженијата“.

Од таму велат дека сакаат да ги потсетат и двете страни дека фашизмот и комунизмот како две тоталитарни општества од страна на Европската унија кон која се стремиме да одиме ги има поставено на иста позиција.

„Сакаме да потсетиме на Резолуцијата 1481 на Советот на Европа од 2006 година и уште повеќе на резолуцијата на Европскиот парламент од 2009 година каде и со двата акти е јасно дека во очите на Европската унија двата системи се исти. Затоа сметаме дека секоја промена на овој Закон треба да биде во соглсност со духот на Европската унија“, велат од НП.

Воедно, од таму укажаат на уште еден, според нив, парадокс зошто и двете страни молчат за веќе изградените споменици на веќе докажани фашистички колаборационисти.

„Ќе имаме парадокална ситуација каде што нема да имаме здруженија со профашистики личности ама ќе може да се изгради споменик на истите тие. Така што сметаме дека во исто време треба да се уреди и рушењето на веќе изградените споменици“, велат од партијата на Георгиевски.

Back to top button
Close