ВМРО-НП: Купопродажбата на старата зграда на Комерцијална банка беше направена на нетранспарентен начин
Во врска со вчерашниот пожар во поранешната зграда на Комерцијална банка, а од пред некоја година Владин објект, ВМРО-Народна партија ја потсетува македонската јавност дека купопродажбата на старата зграда на Комерцијална Банка од страна на Република Македонија беше направена на крајно нетранспарентен начин, без никаква правна процедура и најверојатно во четири очи помеѓу тогашниот премиер, господинот Никола Груевски и директорот на Комерцијална банка, господинот Хари Костов.
ВМРО-Народна партија потсетува дека купопродажната цена тогаш изнесуваше 24 милиони евра плус неколку милиони за реновирање со што се постигна можеби и рекордно највисоката цена за метар квадратен деловен простор во македонската купопродажна историја.
ВМРО-Народна партија тогаш можеби беше единствената политичка партија која реагираше на тој сомнителен купопродажен договор, а сега само се потврдува фактот дека тогашната Влада фрлила и уништила буџетски пари за да купи стар и дотраен објект по нерационална пазарна вредност кој за малку ќе завршеше и со несакани последици по животот на вработените.