ВМРО-НП: Во соседни земји во аптека се продаваат брзи ПЦР тестови, зошто кај нас ги нема?

ВМРО-Народна партија денеска соопшти дека според нејзини потврдени информации, во некои од соседните земји се продаваат брзи ПЦР тестови кои може да се купат во аптека и во рок од петнаесет минути да се направи проверка дали се позитивни на коронавирус.

„Зачудени сме зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот ваквиот тип на тестови кои од една страна ќе доведат до значитечно финансиско олеснување на луѓето, а од друга страна пак ќе се избегнат долгите редици во медицинските центри и лабораториите со што дополнително ќе се спречи и можноста за ширење на дополнителна зараза. Ако фармацевтските компании немаат интерес за ваков увоз тогаш може и самата Влада да направи директен увоз на вакви ПЦР тестови и да се пуштат во широка продажба за масовна самоконтрола и проверка на луѓето“, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна.

Според партијата, цената на овие брзи ПЦР тестови изнесува околу 12 евра.

Back to top button
Close