ВМРО се обидува да ја руши СДСМ одвнатре преку уценети лица, нудејќи пари, вработувања и бизнис интереси, вели Кузеска
„ВМРО се обидува да ја руши СДСМ одвнатре преку уценети лица, нудејќи пари, вработувања и бизнис интереси“, изјави Кузеска.

Според Кузеска, СДСМ веќе јавно објавила информации за, како што рече, „енергетски октопод“ и бизнис мрежи поврзани со власта, по што следувале обиди за рушење на партијата одвнатре
Таа тврди дека власта е соочена со пад на поддршката, повикувајќи се на анкети за кои вели дека потекнуваат од самото ВМРО-ДПМНЕ, додека, според неа, СДСМ бележи раст на рејтингот.
Во изјавата се споменува и т.н. „Платформа“, која Кузеска ја оцени како проект за внатрешно разнебитување на СДСМ, наводно креиран од политички противници.
Портпаролката најави дека СДСМ ќе продолжи да објавува информации за, како што рече, криминал и корупција, и повика на одговорност кога ќе се создадат услови за „слободно обвинителство и судство“.
„Имаме договор во партијата, а до ВМРО имаме ветување – сите ќе одговарате“, порача Кузеска.
Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема официјален одговор на обвинувањата.






