ВМРО со 11 делегации во „Свети Спас“, потоа Мицкоски заминува на „Историски час“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти дека утре организирано ќе тргне на чествувањето на 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Пред гробот на македонскиот револуционер цвеќе ќе положат вкупно 11 делегации на партијата, предводени од претседателот Христијан Мицкоски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, првите луѓе на Унијата на жени, Унијата на млади сили, Пратеничката група, советничката група во град Скопје, а делегации ќе има и од скопските општини Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Аеродром.

Покрај тоа, партијата најави дека од 15 часот во Домот за култура „Биљана Беличанец“ во Кисела Вода ќе одржи и „Историски час“, на кој ќе говорат Мицкоски, Александар Пандов и Ванчо Ѓорѓиев.

Back to top button
Close