ВМРО со реакција: Oдморалиштето Пониква се дава на располагање како резултат на стручна проценка на лекарите и на барање на пациентите
Реакција на ВМРО ДПМНЕ:
Oдморалиштето Пониква се дава на располагање како резултат на стручна проценка на лекарите и на барање на пациентите, згрозени сме од политичката злоупотрба на СДСОценките на Елена Радевска за ставање на располагање на одморалиштето Пониква за потребите на повредените од несреќата во Кочани, освен тоа што се паушални и злонамерни, се во исто време и дегутантни затоа што решија да прават политика и од ова прашање.
Нема да навлегуваме во безидејноста и очајот на СДС што се надзира од далеку во прес-конференцијата на Радевска, но од оваа партија кога ќе излезат во јавност освен политиканство треба да понудат и факти. А факти нема.
Еве и зошто.
Врз основа на која проценка и кои факти проценија од СДС и Радевска дека одморалиштето Пониква се несоодветни за таа намена? Направија ли проценка или увид на лице место, или тресат од ракав реченици кои немаат врска со реалноста.
А еве ги фактите:
Ставањето во употреба на одморалиштето беше проценка на стручен здравствен тим од лекари на министерството за здравство, а меѓу другото е и барање на самите пациенти.
Одморалиштето целосно подготвено ќе ги дочека првите пациенти, по направената дезинфекција, дератизација и дезинфекција од Центарот за јавно здравје од Кочани.
Во тек се и градежни зафати и адаптирање на одморалиштето за потребите на пациентите.
Притоа индикативна е политичката злоупотреба која се прави на оваа тема. Вчера почна од ВД градоначалникот на Кочани, Крстевски, кој не ги крие политичките амбиции, и кој објаснуваше како Пониква која е на 1560 метри надморска висина имало наезда на комарци, повеќе на пример од низината каде е градот Кочани, каде истиот тој има пропадната процедура за прскање против комарци, за да денес со слични глупости продолжи СДС со Елена Радевска која во основа го срами “белиот мантил” со такви паушални изјави.
Јасна ни е намерата да прават политика од секоја тема, но од месечината се гледа очајот на СДС, нивниот аматеризам и одењето против интересите на Кочанчани.
Има разлика. Пониква во време на СДС беше предмет на бизнис, што се гледа од хациендата на Мила Царовска, за нас Пониква е решение и спас за многу од повредените од Кочани.
Алармираме до медиумите и целата јавност со голема доза на скепса да пристапуваат до информациите кои ги лиферува оваа партија и ним блиските слуги.