Внатрешна контрола за злоупотреба на МВР, нема да се повикуваат други граѓани на разговор поради фб објави

Инаку директорот на институцијата бил повикан на разговор во МВР откако на Фејсбук го споделил постот за пречкртување на именката „Северна” на гласачкото ливче, по што било востановено дека во случајот не постои кривично дело и по што човекот бил пуштен да си оди.

Инаку директорот е повикан после пријава од анонимно лице, но од МВР велат дека полициските службеници морале да оценат дали имаат основа да повикуваат граѓани на разговор. После информациите дека ќе се повикуваат и низа други граѓани, од МВР велат дека тоа нема да се прави, бидејќи нема никаква основа за тоа.

Back to top button
Close