Внатрешната контрола на МВР истражува полицајци кои постапувале по пријави за покојните Ивана и Катја

Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале по пријави против сопругот на Ивана и Катја, Стојанче.
Според ТВ24 полициските службеници кои постапувале во 10-тина пријави за насилство во семејството на Ивана Јовановска која загина по пад од балкон со нејзината шестгодишна ќерка, ги истражува и внатрешната контрола на МВР.
Според неофицијалните информации на TВ 24 меѓу пријавите има за насилство, за кавги и викотниици, за закани за нарушување на ред и мир.
Дел од нив се по пријава од сега почината Ивана а дел се од соседите.
,,Материјалите по кои постапува внатрешната контрола на МВР се веќе обезбедени, од утре ќе следуваат и разговори со полициските службеници кои постапувале по секоја пријава што се однесувала за семејството Јовановски”, вели за ТВ 24 извор од истрагата.
Од Обвинителството за организиран криминал и корупција кои се надлежни за евентуална кривична одговорност за полицајците само потврдуваат дека се издадени конкретни насоки за спроведување на проверки и прибирање на сите релевантни информации и докази.
Се уште се чека извештајот на внатрешната контрола на МВР.
Од ОЈО ГООК велат дека по доставување на известување од Секторот за внатрешна контрола, обвинителството ќе изврши сеопфатна оценка на сите прибрани сознанија и без одлагање ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука за понатамошно постапување.
Од обвинителството пак кои што вчера отворија истрага, за ТВ 24 само повторуваат дека истражните дејствија продолжуваат. Стојанче Јовановски кој седум години ја малтретирал неговата сопруга, два пати на денот на трагедијата ја претепал за што има и видео снимка, вчера доби уште 8 дена притвор .
Во видео кое го објви порталот Скопје 1 тој на прашањето дали чувствува вина тој само молчеше и правеше гримаси.
Од МВР денеска пак со статистика тврдат дека Во последните две недели Министерството за внатрешни работи поднело 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство.
,,Само во Скопје, поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“. Изречени се пет мерки притвор, како и една мерка „претпазливост. според податоците, најголем дел кривични дела се „телесна повреда“ но има и пријави за „противправно лишување од слобода“,„обид за убиство“ и „полов напад и силување“, велат од МВР.
Вчера ОЈО информираше дека отвораат истрага и дека осомничениот Стојанче Јовановски седум години наназад физички и психички ја малтретирал Ивана.
Сето ова било пријавувано и од неа, но и од други очевидци во надлежните институции. Нападите се интензивирале изминатата година, поради што, според обвинителството, Ивана се нашла во безизлезна ситуација.
Извор: expres.mk






