ВНИМАНИЕ И ГРИЖА ДО КРАЈ
Учесниците на петтиот по ред Балкански камп зас деца и млади “Ванчо Николески”, благодарение на воспоставената повеќе годишна соработка со менаџментот, и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, беа во прилика да проследат дел од манифестациите на светскиот поетски фестивал – “Струшки вечери на поезијата”, по нивмни избор.
Со тоа, да бидат во близина на светските поетски великани што за нив е голема инспирација и поттик за поетско создавање.
И синоќа, беа дел од атмосферата и чинот на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и на предавањето на поетскиот портрет на лауреатот на светското признание “Златен Венец” на СВП за 2023 година, Влада Урошевиќ, под сводовите на премудрата Света Софија.
Таму, мегу другите, ги поздрави им посака и тие да се најдат еден ден на тоа место, претседателот на РСМ, Стево Пенфдароски, кој, секоја година, им испраќа посебно Послание, заедно со неговата сопруга Елизабета Ѓеорѓиевска Пендаровска.