Внимавајте – за денеска се најавуваат и врнежи од град
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Крушево, 12 литри на метар квадратен, а после него следуваат Крива Паланка, Битола и Охрид.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2)
12 Крушево, 9 Крива Паланка, 7 Битола, 6 Охрид, 5 Виница, Ѓуриште, 4 Претор, Тополчани, Пожаране, 3 Штип, Прилеп, Попова Шапка, 2 Струмица, Велес, Берово, Тетово, Маврови Анови, Пожар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово.
Времето денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени