Внуката на Никола Вапцаров вели дека денешниот настан е провокација „која одамна требаше да биде прекината“

Внуката на Никола Вапцаров, режисерката Маја Вапцарова денеска за бугарската БТВ посочи дека македонскиот јазик тешко може да се прифати во Бугарија бидејќи е дериват на Бугарија.

„Главната идеја во создавањето на македонскиот јазик, која ја поттикнале Тодор Павлов, Цола Драгојчева, Крум Ќуљавков и Венко Марковски, како поет кој дошол од Скопје тогаш во Бугарија, заедно со неговата сопруга, и почнал да го создава овој македонски јазик, кој со ништо не се разликува од бугарската“, вели таа.

Таа додаде дека нејзиниот брат добил покана за отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, кој го отвора приватна организација.

Претстојниот настан предизвика силна реакција и кај властите, а се очекуваат и протести во организација на бугарската ВМРО.

„Мојот брат ќе биде во Благоевград да каже дека всушност ни е радост што и овие луѓе го сакаат Никола Вапцаров, но и дека е бес што создаваат клубови кои немаат врска со нив“, додаде Маја Вапцарова.

Таа додаде дека настанот го гледа како провокација „која одамна требаше да биде прекината“.

Back to top button
Close