Во 11 избирачки места гласањето ќе биде продолжено

Претседателот на Државната изборна Александар Даштевски комисија информираше дека во 11 избирачки места имало прекин подолг од еден час, што би значело дека таму ќе се продолжи гласањето толку колку што е пропуштено.

Рече дека на многу избирачки места се создава гужва, а причина за тоа биле мерките против пандемијата.

-Се создава гужва затоа што во училниците се создава по еден човек. Веќе ние имаме упатство и инструкции дадено до Општинските изборни единици да се пуштат толку луѓе колку што има кутии внатре за гласање. На два метри е дистанцата, но колку што имаа кутии, толку се пуштаат бидејќи сериозен проблем се појавува со создавањето на гужви. Знаеме дека во тој случај, согласно Законот, сите што се наоѓаат пред местото за гласање треба да им се дозволи да гласаат, рече Даштевски.

Back to top button
Close