Во 2021 година Македонија беше единствена земја со демократски напредок на Западен Балкан – велат од СДСМ по извештајот на „Фридом хаус“


Во 2021 година Македонија беше прва во регионот и единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан, односно со втор најдобар резултат во Европа – велат од опозицискиот СДСМ коментирајќи го најновиот извештај на „Фридом хаус“ за 2025 година според кој земјава е во категоријата делумно слободна.

„Со ВМРО и Мицкоски на власт, состојбата со човековите и со медиумските слободи се влошува. Единствено полоши се состојбите во Србија, каде што на власт е сестринската партија на ВМРО-СНС. Но, ВМРО се труди да ги стигне. Дополнително, Македонија забележи пад од 6 места и на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на ‘Репортери без граници’. За разлика од минатата година, кога беше на 36. место, оваа година е на 42. позиција“,велат од СДСМ.

Со пад на човековите и на медиумските слободи, според опозиционерите, земјава се враќа во времето на нарушена слобода, медиумски мрак, хајки против опозицијата и јавен линч.

Според извештајот на „Фридом хаус“ за 2025 година, Северна Македонија без постигнат напредок од претходната година, останува делумно слободна земја во друштво на останатите земји од Западен Балкан.

Back to top button
Close