Во 9:30 МВР и ОЈО на прес за двете убиства што ја потресоа јавноста
Во 9:30 часотт денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство ќе одржат прес конференција за случајот со грозоморното киднапирање и убиство на малолетничката и пензионерот.
Доцна синоќа беа приведени тројца осомничени за двете убиства, меѓу кои и таткото на Вања Ѓорчевска, по која потрагата траеше цели седум дена. Четиринаесетгодишното девојче, според соопштението од Обвинителството и од МВР, било убиено само неколку часа по киднапирањето.