Во Албанија 154 новозаразени, активни на болеста 4.190, хоспитализирани 188 лица

Во Албанија и понатаму трицифрена бројка на новозаразени со Ковид-19, но не се намалува ниту бројот и на оние на кои им е потребно болничко лекување.

-Во последните 24 часа од направените 870 тестови, позитивен резултат е добиен кај 156, што е 18 отсто од тестираните. Овие бројки се константни веќе подолг период. Апелираме на строго почитување на мерките и протоколите, зашто само така можеме да ја добиеме битката со невидливиот непријател, рече Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Додаде дека во последното деноноќие во списокот на оздравени се впишани 62 лица или 6.346 од вкупно заразените 10.860, додка починале две лица или 324 до сега.

Моментно активни на болеста се 4.190, повеќето со лесна форма на болеста ли се лекуват амбулантски, додека 188 се хоспитализирани во двете ковид болници, од нив 20 се на интензивна терапија а 7 се интубирани.

До сега во Албанија направени се 71.280 тестови а позитивни на вирусот биле над 15 отсто од тестираните.

Back to top button
Close