Во Албанија 656 новозразени, 10 починати и 321 оздравени 

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 656 новозаразени со Ковид -19 што е над 30 отсто од направените 2.174 тестови. Бројот на тестови е помал споредено со преходните денови но процентот на заразени во однос на тестирани нема промени.

Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубиле 10 пациенти на возраст од 44 до 85 години, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 753. Во списокот на оздравени впишани се 321 или 17.352 од вкупно заразените 35.600 лица.

Моментно во трите ковид болници се третираат 469 пациент, од нив 15 се на интензивна терапија додека четворица се интубрани.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, од собранската говорница, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент, упати апел до граѓаните,кои се со потешка форма на болеста,да не доцнат туку веднаш да се јават во ковид болниците, каде,како што тврди има слободни болнички легла.

-Ве замолувам во болниците не доаѓајте доцна, има слободни места, не ги слушајте оние кои го кажуваат спротивното.Не ги слушајте оние кои велат дека нашите здравствени работници не се во служба на вашето здравје.Не го прават тоа заради вас, туку заради власт.Не

може да го кажуваат тие кои здравството го оставија во катастрофална состојба.Време е да им веруваме на нашите експерти во ова тешка битка. Солидарноста ни е најмногу потребна во овие моменти,порача минисерката.

Таа најави дека од следниот месец ќе се почне со користиње брзи тестови за Ковид-19. Додаде дека почната е постапката за рефундација на средствата што ги потрошиле за лекарства граѓаните ,кои биле со полесна клиничка слика и се лекувале во домашни услови.

Манастирилу,откако деновиве епидемиолошката состојба ја оцени како критична и деликатна, вчера, пред престојните ноемврски празници во земјата, упати апел за строго почитување на мерките и препораките за заштита посочувајќи дека„ патриот е оној кој во ова време останува дома“.

Back to top button
Close