Во Албанија 795 новозаразени,388 оздравени и 17 починати од Ковид-19

Во Албанија во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на новозаразени и рекоден број починати.

-Во изминатите 24 часа, од 2.352 тестирани сомнителни случаи, корона вирусот е дијагностициран кај 795 лица што е 34 отсто од тестраните,што е највик процент на позитивни од тестираните. Во исто време регистрирана е највисока бројка на починати или 17, а во списокот на оздравени се впишани 388 лица,информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Моментно во трите ковид болници се хоспитализирани 439 паценти, од нив 16 на интензивна терапија, од кои петмина се интубирани.

Од почетокот на март кога беа регистрирани првите случаи во Албанија, направени се 175.200 тестови, позитивни на вирусот биле 33.556, оздравеле 16.230, почнале 716 додека активни на болеста се 16.610 лица.

Во меѓувреме министерката за здратсво,Огерта Манастирлиу, објави дека подготвена е и деновиве ќе биде отворна четвртата ковид болница и оти се подготвуваат ковид центри во регионалнте болници.

-Поради зголемената потреба од болнички капацитети подготвуваме ковид центри во 12 – те регионални болници,со цел здравствената услуга да биде што поблиску

до секој граѓанин. Денес најголем патриотизам е да носите маска, да одржувате дистанца и хигиена да ги почитувате сите други мерки,порача Манастрлиу.

Според надлежните инциденцата во последната недела изнесува 301 на 100.000 жители.

Back to top button
Close