Во Албанија од денеска задолжително носење заштитна маска во затворен простор, за неносење 15 евра казна
Од денеска во Албанија секој кој нема да носи заштитна маска во затворени простории ќе биде казнет со 2.000 леки(15 евра).
Оваа одлука на Владата доаѓа во време кога бројот на заразени со коронавирус е во постојан раст а употребата на заштитна маска или текстилна заштитна марама или шал, се смета како мерка што ќе го спречи ширењето на Ковид-19, што од неа го побара Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата.
-Со одлуката на владата и нормативниот акт, обврската за употреба на немедицински маски/ заштитни бариери за заштита од пренесување на Ковид-19 е обврска за секој поединец во сите затворени средини, јавни, државни и приватни институции, јавен превоз,трговски и други објекти. Во случај на непочитување на оваа мерка, државната полиција, општинската полиција, структурите на државните инспекторати, ќе ги казнат прекршителите со парична казна од 2.000 леки, изјави Огерта Манастирлиу, министерката за здравстсво и социјална заштита.
Анализирајќи ја состојбата низ која поминува Албанија заради пандемијата, Манастирлиу уште еднаш спомена повторно отворање на болницата „Шефет Ндроќи“ во болница Ковид 2, притоа изјавувајќи дека многу наскоро ќе биде отворена втората лабораторија за тестови во просториите на Универзитетската клиника во Тирана,со капацитет од над илјада тестови дневно.
Во Албанија анализа на тестови за Ковид-19 се прави единствено во Лабораторијата за вирологија при Интитутот за јавно здравје, со капацитет до 500 тестови дневно. Прватните болници и клинки иако соопштија дека се подготвени тоа да го прават, сеуште немаат соодветна лиценца за тоа од страна на албанските власти.