Во Албанија почнува имунизацијата на лицата над 65-годишна возраст

– Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, најави дека следните денови во земјата ќе пристигнат нови количества вакцини од „Фајзер“ и „Синовак“, со што ќе почне вакцинацијата на лицата над 65 години и хронично болните.

Манастирлиу, која заедно со премиерот Еди Рама, беше во градот Фиер каде од блиску го следеше текот на вакцинацијата, ја остави отворена можноста имунизацијата да почне и за лицата над 60 години.

-Во сите села и оддалечени области направивме 100 отсто дистрибуција на вакцини од „Фајзер“ и „Спутник В“. Со нетрпение, деновиве очекуваме нова пратка од „Фајзер“ и „Синовак“. Ја отвораме страницата +65, можеби +60 заедно со хронично болните, рече Манастирлиу.

Претходно министерката на Фејсбук објави дека заклучно со вчерашниот ден против Ковид-19 имунизирани се 185.496 лица.

Во Албанија вакцинацијата почна на 11 јануари со 975 вакцини добиени, како што тогаш изјави Рама, од пријателска земја, членка на ЕУ по што продолжи со вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Спутник В“ (10.000 донација од ОАР) и од „Синовак“. Досега во земјата приситигнати се 282 илјади дози вакцини.

Како што најавија и Рама и Манастирлиу до јуни очекуваат да бидат имунизирани половина милион албански граѓани.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close