Во американските напади погодени воени бази и главното пристаништа во Венецуела

Воени бази во Каракас и главното венецуелско пристаниште се погодени во американски напади врз Венецуела извршени разно изутрината.

Давид Смолански, портпарол на лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави за „Си-Би-Ес нуз“ дека меѓу погодените цели се Фуерте Тиуна – главната воена база во Каракас, Ла Карлота – главната воздухопловна база во Каракас, Ел Волкан – сигнална антена и Ла Гваира – главно морско пристаниште на карипскиот брег.

Американски официјални претставници претходно за „Си-Би-Ес њуз“ потврдија дека претседателот Доналд  Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучувајќи и воените објекти.

Неколку силни експлозии одекнаа рано изутрината во венецуелскиот главен град Каракас, а беа забележани и авиони во низок лет.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара.

Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“.

– Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и природните ресурси. Сепак, САД нема да успеат да ни го одземат богатството, се нагасува во соопштението.

Венецуелската влада ги повика сите политички и општествени сили во земјата да се мобилизираат.

Федералната администрација за воздухопловство на САД им забрани на американските комерцијални авиопревозници да летаат над Венецуела, наведувајќи „ризици за безбедноста поврзани со тековната воена активност“.

Забраната важи од 07:00 часот утрово (по централновропско време) до утре во 08:00 часот.

Наредбата не се однесува на странски или воени авиони.

Back to top button
Close