Во Англија заразени повеќе медицински работници отколку штитеници во домови за стари луѓе

– Се проценува дека 10 проценти од сите заразени со Ковид-19 во Англија, регистрирани меѓу 26 април и 7 јуни, биле или здравствени работници или социјални работници, покажа нова студија.

Студијата ја спровела независна група експерти наречена Делве (Data Evaluation and Learning for Viral Epidemics – Евалуација на податоци и учење за епидемии на вируси), која ја оформи британското Кралско друштво, пишува Њу Сајентист.

Истражувањето исто така проценува дека најмалку еден процент од инфекциите во истиот период потекнуваат од болнички пациенти и најмалку шест проценти од штитеници во домови за стари лица.

Исто така, не е јасно до кој степен заразата која била пренесена во болници и социјални институции влијаела на ширењето на коронавирусот во пошироката заедница.

Back to top button
Close