Во анкетите на ИПИС на Божиновски повторно води ВМРО-ДПМНЕ
Во анкетата што ја објави Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) за претстојните избори во благо водство е ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, пренесе 360 степени.
![](https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2020/07/ipis1.jpg)
Вкупно 21,9 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а коалиција СДСМ и Беса добила поддршка од 19,8 отсто, ДУИ има поддршка од 5,9 отсто, а за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива се определиле 4,2 отсто, Левица, 1,3 проценти и ДПА 0,9 отсто.
![](https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2020/07/ipis2.jpg)
Анкетата е спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) каде што програмски директор е Владимир Божиновски, политички аналитичар чиј глас пред две години се слушна и во две таканаречени „бомби“ кои беа пуштени во судница за предметот „Титаник“. Во разговорите се слушна како Божиновски разговара со ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, токму за анкета која ја спроведувал преку ИПИС.
![](https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2020/07/ipis1.jpg)
Разговорот од 30 мај 2011 година, во кој Божиновски му вели на Јанакиески дека проблем за изборите во 2011 година е четвртата изборна единица, според анкетата што тој ја спровел. Во разговорот Божиновски додава дека е можно да има и грешка во анкетата од +/-3%, но дека следниот ден ќе ја повтори анкетата.
…