Во Авганистан рекорден број на заразени со коронавирусот во еден ден
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/vo-avganistan-rekorden-bro-na-zarazeni-so-koronavirusot-vo-eden-den.jpg)
Во Авганистан во последните 24 часа регистрирани се повеќе од 860 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу новозаболени во еден ден во оваа земја.
Според податоци на Министерството за здравство на Авганистан, вкупно се заразени 14.525 луѓе, а од почетокот на пандемијата починале 249 лица.
Сепак, како што наведува Би-Би-Си, постојат оправдани сомнежи дека бројот на заразени и починати е многу поголем од официјалниот, затоа што здравствениот систем во Авганистан е во колапс.