Во Австрија 714 новозаразени со Ковид-19
Во Австрија, во последните 24 часа, регистрирани се 714 нови случаи на инфекција со коронавирус, а четири лица починаа.
Во моментов во Австрија активни се 8.746 случаи на заразени со корона, од нив 476 се хоспитализирани, а 103 се на интензивна нега.
Само во Виена се пријавени 249 нови случаи, проследено со Долна Австрија со 134 нови инфекции и Горна Австрија со 127.
За време на викендите во Австрија има помалку тестови, така што овие бројки произлегоа од 12.505 тестови.
Во изминатите 24 часа починаа четири лица, па вкупниот број на починати од последици од корона вирустот се 813.
Од почетокот на епидемијата, вкупно 48.188 лица биле позитивно тестирани за вирусот корона, а 38.629