Во Австрија голем број училишта примиле лажни закани за поставена бомба

Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија денеска добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка.

Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција.Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки.

Закани за поставени бомби во училиште пријавени се и во провинцијата Горна Австрија и во Линц

Back to top button
Close