Во автобус на „Дурмо турс“ на граница пронајдени 600 куршуми

Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција.

 

Според информацијата мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони.

При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје.

Неофицијално според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место.

Од Обвинителство за Скопје 1 потврдиле дека има истрага.

ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица.

Back to top button
Close