Во Белград нема место во болниците, пациенти се префрлаат во Пожаревац

Болничките капацитети во Белград се пополнети, па пациенти се префрлаат во ковид-болницата во Пожаревац.

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска изјавил дека девет пациенти се префрлени поради пополнување на леглата во белградските ковид-центри, пренесе Н1 ТВ.

Состојбата во болниците во главниот град на Србија се очекува да почне да се растеретува попладнево бидејќи е најавено дека пациентите со полесна клиничка слика ќе се преместат во белградската „Штарк арена“.

Арената беше претворена во ковид-болница во првиот бран, а откако повторно да се влошува ситуацијата, викендов беше најавено дека повторно ќе стане привремена болница со капацитет од 500 легла.

Во последните 24 часа во Србија починале шест лица од ковид-19, а потврдени се и нови 289 случаи.

Вкупниот број на починати досега изнесува 317, а бројот на заразени е 16 420 од кои активни се 2 737.

Back to top button
Close