Во беседата српскиот патријарх препорачал МПЦ сега да најде соодветно име, пренесува РТС

За следниот викенд во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул се најавува историско сослужување на вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот Стефан откако Фанар на 9 мај одлучи да ја признае црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет
Патријархот на Српската православна црква Порфириј денеска во Соборниот храм во Белград му го врачи томосот на архиепископот охридски и македонски Стефан за признавање на автокефалноста на Охридска архиепископија, јавуваат Танјуг и РТС.

Порфириј пред врачувањето на томосот истакнал дека се создадени услови Охридската архиепископија да биде самостојна црква.

Во беседата српскиот патријарх препорачал МПЦ сега да најде соодветно име, пренесува РТС. Познато е дека групата хеленски цркви, предводени од Вселенската патријаршија, не прифаќаат нашата црква да го носи името МПЦ, па затоа процесот на признавање се одвива под ексиолошкото име Охридска архиепископија.

Поглаварот на СПЦ, исто така, рекол дека чинот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА не ја дели црквата, туку дека така таа расте заедно во љубов и хармонија.

Српскиот патријарх истакнал и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква.

Исто така, патријархот Порфириј порачал дека црквата не може да биде оружје и дека не е оружје за постигнување други цели.

Порфирие нагласил и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Северна Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ.
Претходно, на 24 мај, на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА.

За следниот викенд во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул се најавува историско сослужување на вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот Стефан откако Фанар на 9 мај одлучи да ја признае црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.

Back to top button
Close