Во БиХ 77 новозаразени со коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус.

Како што објави Федералниот институт за јавно здравје во Федерацијата БиХ, во изминатото деноноќие биле тестирани 518 примероци, од кои 42 биле позитивни за Ковид-19.

Во Република Српска, во изминатите 24 часа биле тестирани 278 примероци, а новиот вирус е потврден кај 35 лица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Back to top button
Close