Во Битола и Прилеп, санкции за 56 нерегистрирани возила, 38 возеле без возачка дозвола

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, санкционирала 196 возачи.

Како што денеска соопштија од МВР, изречени се 99 санкции во Битола, меѓу кои 25 за нерегистрирани возила, 19 за возење без возачка дозвола…

Во Прилеп се изречени 97 санкции, меѓу кои 31 за нерегистрирани возила, 19 за возење без возачка дозвола и  четири за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли, најавуваат од МВР продолжуваат и во наредните денови. Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close