Во Битола изгоре паркиран автомобил „форд“

Во Битола е пријавен пожар на паркирано патничко возило, при што нема повредени лица.

На 22.04.2026 година во 15:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на улица „Партизанска“ во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.С. (54) од Битола.

Во пожарот нема повредени лица, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Back to top button
Close