Во Битола почна изборниот процес

Во Битола точно во 7 часот се отворени сите избирачки места и почна изборниот процес за вонредните парламентарни избори.

Во единствениот избирачки список евидентирани се 81.488 лица со право на глас, изјави за МИА Весна Томовска, претседател на ОИК-Битола.

-Во Битола и битолско регистрирани се 170 избирачки места, а согласно изборниот законик ќе се гласа на 169 избирачки места затоа што едно избирачко место од село Злокуќани е поместено во селото Бистрица. Изборниот процес почна точно во 7 часот и се одвива без проблеми, исто како што во претходните два дена без проблеми се одвиваше гласањето на лицата заразени со Ковид-19, како и вчерашното гласање на болни и изнемоштени лица, лица сместени во старски дом и лица кои се на издржување на казна затвор, потврди Томовска.

Back to top button
Close