Во Битола запленети 2.400 парчиња пиротехнички средства
Полициски службеници од СВР Битола попладнево извршија претрес во дом на Ѓ.Ф. (38) од Битола, при што се пронајдени 2.404 парчиња пиротехнички средства.
За настанот известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против Ѓ.Ф., кој е приведен, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР-Битола.