Во Битола завршува фестивалот „Музика од светот

– Во Битола завршува 13. издание на фестивалот „Музика од светот“ кое на последната фестивалска вечер нуди македонски евергрини. Според програмата ќе настапат вокалните солисти Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина прва севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски, придружувани од Битолскиот дувачки оркестар.

Во изминатите два фестивалски денови настапија уметници од Србија, а во придружната програма ди-џеи од Грција.
-Задовлство е да го менаџираш овој Фестивал на музика од светот, посебно во време на предизвици. Порачуваме, нека живее уметноста која ќе го спаси светот и ќе го обои во боите на надежта, посочи Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола, домаќин иорганизатор на фестивалот.
Фестивалот „Музика од светот“ се одржува со традиционална поддрша Министерството за култура и Општина Битола.

Back to top button
Close