Во Боливија седум министри заразени со новиот коронавирус

Уште еден министер во Боливија, седми по ред, е заразен со новиот коронавирус, и тоа е повеќе од една третина од членовите на преодната влада на претседателката Жанин Ањес, која исто така е заразена.

Седмиот заразен министер е министерот за економски развој, Хозе Абел Мартинез, кој е сместен во карантин, но ќе продолжи да работи онлајн, се наведува во владино соопштение.

Во Боливија со 11 милиони жители, 54.156 лица се заразени со коронавирусот, од кои 1.984 починаа.

Back to top button
Close