Во Босна почина девојчето кое падна во кома по операција на окото  

Двегодишното девојче од Какањ кое падна во кома по операција на окото во приватна клиника во Сараево, Џена Гаџун, почина рано утрово, јавуваат босанските медиуми.

-Срцето на Џена оа Какањ не издржа, не успеа да се избори со тешката состојба во која заврши по операција во приватната клиника „Бајтовиќ“,  вели таткото на малата Џена, Мурис Гаџун за трагедијата што се случила.

Родителите велат дека детето по операцијата е пренесено во Универзитетскиот клиничкиот центар во Сараево, каде ја добила целата медицинска помош, но нејзините мозочни нерви  „прегореле“ и дека живеела на апарати кои ја одржувале во живот.

На девојчето му беше вграден имплант во окото, кое телото не ја примило, а по зафатот со цел отстранување на имплантот кој го извела д-р Нина Јовановиќ, која немала лиценца од Лекарската комора, Џена не се разбудила од кома, па во тешка состојба беше префрлена на КЦУС.

Босанските медиуми информираат и дека апаратите во клиниката каде девојчето беше оперирано не биле законски верифицирани.

Овој случај веројатно ќе има судска разврска, со оглед на тоа што родителите ангажирале адвокат преку кој се обидуваат да утврдат кој е виновен за тоа што му се случи на двегодишното девојче.

 

Back to top button
Close