Во Брисел размислуваат да забранат прелети на руски авиони над цела Европа  

Брисел размислува за забрана на руски летови во целиот воздушен простор на Европската унија, изјави претставник на ЕУ за Ројтерс. Многу земји веќе ја донесоа таа одлука поединечно, но акцијата на ниво на ЕУ може да биде дел од новиот пакет санкции.

Финска вчеравечер го забрани влезот на руски авиони и со тоа се приклучи на голем број европски земји, меѓу кои и Бугарија, Чешка, Естонија, Германија и Полска, кои го блокираа воздушниот простор за руски летови. Литванија вчера објави дека ќе ги блокира руските летови, со што ќе ја прекине брзата рута од Калининград до Украина.

Истото го направи и Романија. Букурешт, според ДПА, го затвори својот воздушен простор за руските комерцијални авиони, со исклучок на хуманитарни летови или итни случаи. Ќе биде суспендирано правото на летање над романска територија и слетување на авиони во сопственост на компании со седиште во Русија

 

Back to top button
Close