Во Брвеница излезеноста во првиот круг до 15 часот беше 30,55%, а денеска 40,83%, помала излезеност има во Карпош и Центар


Државната изборна комисија (ДИК) на последната прес-конференција ја соопшти излезеноста на локалните избори по општини до 15 часот, а она што може да се забележи, споредено со излезеноста во првиот круг до 15 часот, е дека голема е разликата во Општина Брвеница.

Тука, во првиот круг од локалните избори до 15 часот на гласање излегле 30,55% од гласачите, а во вториот круг до 15 часот излегле 40,83%.

Поголема е излезеноста и во Кичево. Во оваа општина, во првиот круг, до 15 часот излегле 36,22% од гласачите, а во вториот круг до 15 часот излегле 40,06%.

Во општините Центар и Карпош во вториот круг, до 15 часот е забележана помала излезеност споредено со онаа пред две недели. Во Центар, во првиот круг излегле 34%, а во вториот круг до 15 часот излегле 31,84% од избирачите. Во Kaпрош, во првиот круг до 15 часот била забележана излезеност од 33,37 отсто, а во вториот круг – 32,40%.

Во Струга се забележува речиси ист процент на излезеност. Во првиот круг до 15 часот на гласање излегле 27,62 отсто од избирачите, а во вториот круг – 27,08%.

Back to top button
Close