Во Будимпешта ги менуваат имињата на улиците за да и пркосат на Кина

– Либералниот опозициски градоначалник на Будимпешта Гергели Карачони денеска најави дека ќе ги преименува улиците во унгарскиот главен град во близина на местото каде што се планира кинескиот универзитетски кампус за на тој начин да им оддаде почит на оние чии човекови права ги крши Пекинг.

Едната улица ќе биде именувана по Далај Лама, духовниот водач на тибетскиот будизам, кого Пекинг го смета за опасен сепаратист. Втората ќе се вика „Улица на ујгурските маченици“ по претежно муслиманската етничка група за која Вашингтон и другите престолнини тврдат дека е жртва на кинески геноцид. Името на третата улица е „Улица на слободен Хонг Конг“, додека четвртата улица ќе го носи името на кинескиот католички бискуп кој е во затвор.

Кина ги отфрла обвинувањата за кршење на човековите права.

– Неколку унгарски политичари ставаат премногу акцент на прашања поврзани со Кина со цел да привлечат внимание и да ја загрозат соработката меѓу Унгарија и Кина. Таквото однесување е подло, рече Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Преименуваните улици се наоѓаат во област каде што кинескиот универзитет Фудан кој има намера да отвори кампус за дипломски студии по либерални уметности, медицина, бизнис и инженерство за 6.000 студенти.

– Овој проект на Фудан ќе доведе во прашање многу вредности за кои Унгарија се обврза дека ќе ги почитува пред 30 години кога падна комунизмот, рече градоначалникот Карачони, либерален опозициски политичар кој за следната година планира кандидатура против унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

Back to top button
Close