Во Бугарија притворен македонски државјанин, превезувал 33 килограми канабис

 

Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал државјанин на Северна Македонија.

Како што пренесува БТА, автомобилот марка „киа“ со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

За возачот, Р.Р. (58), кој патувал сам од Македонија преку Бугарија до Турција, судот му изрече мерка притвор.

Back to top button
Close