Во Бугарија се истражува дали нелегално се прислушувало со израелска опрема

Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради нелегално прислушување на бугарски државјани, соопшти обвинителството.

Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани.

Проверката ќе разјасни дали софтверот е продаден и доставен во Бугарија и евентуално каде е имплементиран.

 

 

Back to top button
Close