Во Бугарија утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Во Бугарија утре, вторник, 18 март, ќе биде прогласен за ден на национална жалост како израз на солидарност со нашиот најблизок сосед на Балканот. Ова го соопшти премиерот Росен Жељасков во врска со големата трагедија во Кочани, каде во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени.

Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Четиринаесет од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија.

„Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште жртви“, рече Жељасков.

Сите повредени во пожарот во Кочани што беа донесин во Бугарија со специјалниот авион „Спартан“ се во тешка состојба. Ова го соопшти болницата „Пирогов“. Во болницата „Пирогов“ се примени осум лица: две девојчиња и едно момче на возраст од 15 и 16 години. Најстариот е 31-годишен маж

Back to top button
Close