Во бура во Мериленд повредени 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени и хоспитализирани кога големо дрво паднало врз една гаража во Мериленд, каде луѓето кои присуствувале на прослава на детски роденден побарале засолниште од бурата.

Рас Дејвис, портпарол на пожарникарската служба на округот Ен Ерандел, изјави дека вчера попладне едно лице е повредени и се наоѓа во критична состојба, а пет други лица се во тешка состојба, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Што се однесува до останатите, тие се здобиле со полесни повреди. Меѓу луѓето кои биле во гаражата се наоѓале 17 возрасни и две деца.

– Тие се собрале за да присуствуваат на детски роденден. Кога бурата започнала да се засилува, луѓето влегле во гаражата да побараат засолниште и тогаш дрвото паднало врз објектот, истакна Дејвис.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close