Во Центар автоматски систем ќе мери бучава на критични локации

Градоначалникот на Општина , Горан Герасимовски, соопшти дека ќе ја мерат бучавата со паметен систем кој го инсталираат на повеќе локции.
Започнавме со поставување на паметен систем на 30 критични локации, кои континуирано ги следи бучавата и алармира кога е над дозволеното.Досега се поставени 19 уреди во Дебар Маало, на Орце Николов, Мирослав Крлежа, Отон Жупанчиќ и Боемска 1 и 2.
Следуваат нови локации: Ленинова, Капиштец, Буњаковец, Кеј 13 Ноември и Кале.
Продололжуваме да воведуваме современи решенија за помирен и поудобен живот на граѓаните.







