Во Чаир мотоциклист го загуби животот


Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во скопската населба Чаир.

Според првичните информации од терен, несреќата се случила под сè уште неразјаснети околности.

Екипи на Итната медицинска помош пристигнале на местото на несреќата, но можеле само да ја констатираат смртта. Околностите под кои се случила несреќата засега не се познати.

Back to top button
Close