Во Црна Гора исполнети условите за прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за одјава на епидемијата на коронавирус, изјави помошник директорот на Институтот за јавно здравје, Сенад Бегиќ.

Црна Гора ги помина двата инкубациски периода од 28 дена без нови случаи на заразени од вирусот Ковид-19.

– Постојат епидемиолошки услови за ИЈЗ да размислува за одјава на епидемијата. Тоа е правно дефинирана процедура која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине период на двојна инкубација. Периодот не е дефиниран со закон, тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за епидемијата да се одјави, рече Бегиќ за Радио телевизија Црна Гора.

Тој истакна дека на терен тоа не менува многу, бидејќи ризикот од заболувањето и натаму останува.

Back to top button
Close