Во Дебар двајца новозаразени, еден починат од Ковид-19

Во Дебар се зголемува бројот на новозаразени но и на починати лица од Ковид -19. Во последното деноноќие регистрирани се два нови случаи, со што вкупната бројка сега изнесува 118 заразени лица,од нив три од Центар Жупа.

Во исто време почина уште еден дебранец, кој, поради влошената состојба, беше хоспитализиран во здравствена установа во Скопје, или петмина од почетокот на пандемијата.

Од нив четворица мажи од Дебар и жена од Центар Жупа, која на 26 февруари беше и првозаразена заедно со нејзиниот сопруг, кои беа дијагностицирани по нивното враќање од Италија.

Според официјалните податоци од вкупо заразените, 48 се излекувани додека активни на болеста се 65 лица, десеттина хоспитализирани во установите во Скопје.

Од вкупнот број заразени лица, во првата фаза беа 51, од нив 47 закрепнаа додека четворица починаа. Останата бројка или 67 се од втората фаза, кога на петти јуни повторно по педесет дена опасниот вирус се врати во Дебар. Од нив само еден е внесен во списокот на оздравени и еден на починати лица.

Дел од активните болни амбулантски се лекуваат во Општата болница во Дебар, додека дел кои се со полесна форма и се третираат во домашни услови.

Back to top button
Close