Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 29 лица
– Во последото деноноќие во Дебар е регистриран еден новозаразен со Ковид-19, што е деветти случај во последните десет дена во општините Дебар и Центар Жупа.
-Со денеска потврдениот позитивен случај на Ковид-19 вкупната бројка на заразени во двете општини изнесува 261 од над 1.300 направени тестови. Во овој кус извештаен период битката со опасниот вирус ја добија 63 или вкупно 219 но за жал ја загубија две лица или 13 од почетокот на пандемијата, потврдуваат надлежните.
Додаваат дека активни на болеста се 29 лица, поголем број од нив се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница со проширена дејност во Дебар, а само неколку се пациенти во здравствени установи во Скопје.
Од општинскиот Кризен штаб на општина Центар Жупа за МИА изјавија дека од 29 активни случаи, десет се жители од нивната општина, а од оваа општина бил и пациентот кој вчера почина во болнички услови.
-Апелирам на строго почитување на препораките за да се спречи ширењето на опасниот вирус. Од наште сограѓани и не барам многу, само поголема совесност за да се заштити ме себе си, нашите најблиски и сте во целна. Повторувам дека главните нешта за заштита се маските, одржување физичка дистанца, избегнување групирања и секако одржување на хигиената, рече епидемиологот Ментор Меља.
Тој додава дека бројот на новозаразените во август е последица на непочитувањето на препораките, пред се неносење заштитна маска, одржувањето домашни веселби, како и групирањето на плажите на Дебарско Езеро.